Јанакиески: Превозниците и градежниците, за лиценци ќе аплицираат само со барање

Од:

Министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и директорите на Агенцијата за вработување и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Влатко Поповски и Беким Незири денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Со Меморандумот, нагласи министерот Јанакиески, ќе се овозможи забрзување на постапките и подобрување на услугите кои Министерството за транспорт и врски ги нуди во делот на транспортната дејност, но и во делот на градежништвото и урбанизмот.

– Досега превозниците во Република Македонија и сите кои аплицираа за лиценци во делот на градежништвото и урбанизмот требаше да отидaт еднаш минимум во Агенцијата за вработување и еднаш во ПИОM. За седум дена од денеска, сите овие документи ќе се добиваат по електронски пат, изјави министерот Јанакиески и најави оти паралелно се работи и на поврзување на Министерството на транспорт и врски и Централниот регистар.

Бенефиција од овој систем, подвлече тој, е тоа што се овозможува со електронското поврзување да се избегнат можните злоупотреби од страна на превозниците и за урбанизмот, во поглед на исполнување на условите за добивање лиценци.

Според министерот Ристовски, овој Меморандум е од огромно значење за Министерството за труд и социјална политика затоа што се воспоставува поблиска соработка со Министерството за транспорт и врски.

– Со потпишувањето на Меморандумот ќе се зголеми ефикасноста во патниот сообраќај, во постапката за лиценцирање на транспортните компаниии и добивањето одобрение. Во соработката со ПИОМ ќе се зголеми ефикасноста во добивањето лиценци од областа на градењето, просторното и урбанистичкото планирање и процени. Се воспоставува систем на размена на податоци врз основа на кои ќе бидат регистрирани лицата вработени во транспортните компании во Македонија, од аспект на евиденција регистрирани пријави и одјави, во задолжително социјално осигурување, е елемент од исклучително значење за нас како Министерство, рече министерот Ристовски.

Тој напомена дека соработката ќе се применува на ниво на највисоки стандарди за етичко и законито располагање на податоците. Со потпишувањето на Меморандумот, потенцира Ристовски, ќе се овозможи и контрола на состојбите односно намалување на ризикот од злоупотреби. Министерството за труд и социјална политика, рече, ќе продолжи да го олеснува пристапот до правата гарантирани со Уставот и законите односно континуирано ќе се работи на подобрување, олеснување и поквалитетни услуги и за граѓаните и за сите компании.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска