А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Јанакиески: По Скопје, гасификацијата и на останатите региони

by А1он29/08/2014 - 13:0729/08/2014 - 13:33280
Share0

Следната недела ќе биде објавен тендерот за изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас за останатите два региона во Македонија. Претходно, беше објавен тендер за изградба и на скопскиот регион.

Добивај вести на вибер

Тендерот ќе се однесува на регионот кој ги опфаќа Централна и Источна Македонија и предвидената инвестиција за него е околу 28 милиони евра и регионот во кој припаѓаат Западна Македонија и Пелагонија за кого инвестицијата би била 23 милиони евра.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска на прес-конференција информира дека јавниот повик ќе трае 60-тина дена и биде објавен во официјалното гласило на Европската унија, Бирото за јавни набавки и Фајнешл Тајмс, а ќе биде доставен и до економските промотори.

Дистрибутивната мрежа ќе биде изградена со јавно-приватно партнерство, но за разлика од тендерот за скопскиот регион, во јавниот повик за овие два региона условите се намалени со цел да се пријават голем број компании.

– Нашата цел е гасификација на целата држава. Веќе е започната постапката во скопскиот регион кој опфаќа 17 општини и продолжување во останатите 63 општини, односно 37-те општини од Централна и Источна Македонија и 26-те општини од Западна Македонија и пелагонискиот регион, истакна Јанакиески.

Компаниите кои се заинтересирани да учествуваат на тендерот треба да имаат искуство во изградбата и работата со системи за природен гас, системите за гас да имаат најмалку 7.000 корисници, а минималниот годишен приход на компанијата во полседните три години треба да биде 20 милиони евра.

Компаниите кои ќе ги исполнат условите утврдени во тендерот ќе преминат во втората фаза.

Приватниот партнер има обврска во рок од четири години да изгради најмалку 70 проценти од предвидената мрежа при што 51 процент во приоритетните оштини.

Приоритетни општини во Централна и Источна Македонија се Велес, Штип, Радовиш, Кочани, Кавадарци, Гевегелија и Прилеп, а во Западна Македонија и Пелагонија приоритетни се Битола, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар и Тетово.

Со воведувањето на дистрибутивната мрежа за природен гас, се очекува намалување на трошоците за граѓаните од 25 до 45 проценти без разлика кој енергенс го користат.

gasifikacijaskopje

Би можело да ве интересира

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Горан Наумовски20/05/2025 - 13:40

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он11/05/2025 - 10:16

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Горан Наумовски04/05/2025 - 17:23

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски03/05/2025 - 18:4903/05/2025 - 20:31

Во несреќен случај загина возач од Скопје

Горан Наумовски29/04/2025 - 19:23

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски29/04/2025 - 18:5829/04/2025 - 19:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен