А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јанакиески: Недонесувањето на буџетот ќе се одрази и врз исплатата на платите во Железница

by А1он21/12/2012 - 18:30165
Share0

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска апелираше до пратениците од македонското Собрание разумно да ги разгледаат сите проблематични ситуации кои би настанале со неусвојувањето на буџетот за следната година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Одговарајќи на новинарско прашање за „Македонски железници“, министерот Јанакиески истакна дека доколку не се донесе буџетот, ќе се доведе во прашање тековната исплата на платите во Железница.

– Една од ситуациите е неисплатата на платите на вработените во Железници бидејќи месечно Министерството за транспoрт и врски исплаќа минимум по 18 милиони денари за надоместокот во делот на патниот сообраќај. Доколку не се усвои буџетот тоа не би можеле да го направиме со што се доведува во прашање тековното исплаќање на платите во Железницата, појасни Јанакиески.
Нагласи дека сите мерки што ќе се преземат, а се однесуваат на Железници, ќе бидат носени во соработка со синдикатите.

– Внимателно се следи ситуацијата во Македонски железници така што сме во постојан дијалог со синдикатите и мерките ќе ги структурираме согласно разговорите и потребите за стабилно функционирање на Македонски железници, рече Јанакиески.

Следете a1on на Youtube YouTube
transport

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:37

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он17/08/2026 - 18:05

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Горан Наумовски02/01/2026 - 10:09

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Предраг Петровиќ19/03/2025 - 16:54

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска11/06/2023 - 12:37

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска10/06/2023 - 16:0610/06/2023 - 16:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео