Јанакиески на неформална средба на министри за транспорт во Милано

Од:

Трансевропските транспортни мрежи се централна тема на неформалната средба на министрите за транспорт и врски  во ЕУ, што се одржува денеска и утре во Милано, Италија.

На средбата, на која учествува и македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе се дискутира за планирањето и управувањето на трансевропските коридори, политиките и инструментите за нивно финансирање, како и одржливоста, мобилноста и социјалната инклузија во градовите долж коридорите.

На средбата, освен министри за транспорт на земјите-членки на ЕУ, учествуваат и Сиим Калас, заменик-претседателот на Европската Комисија одговорен за транспорт, како и градоначалници на поголемите европски градови.

Домаќин на средбата е италијанскиот министер за транспорт и инфраструктура Маурицио Лупи.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска