Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор

Од:

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлука да ги одбие жалбите за притворот на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, потврди судијата Сафет Кадрии од Апелациониот суд за „Макфакс“. По оваа одлука, тие остануваат во затворот „Шутка“, бидејќи за судот, жалбите се неосновани

Адвокатите на Божиновски и Јанакиески на јавна седница побараа укинување на притворот и посочија дека немаат намера да бегаат, а пак, со мерката за обезбедување на присуство институциите ги прекршиле законите. Јанакиески и Божиновски беа притворени во затворот „Шутка“ по бегството на експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Одлуката за притворот ја донесе кривичниот суд на барање на специјалното јавно обвинителство, кое добило информации од Упрвата за безбедност и контраразузнавање дека двајцата се подготвувале за бегство.

Во решението на кривичниот совет на скопска единица за прифаќањето на предлогот на СЈО, Јанакиески да биде притворен, пишува дека Јанакиески преку посредник барал амнестија од претседателот Ѓорѓе Иванов. Неговиот кабинет одрече дека се одржала средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК.

Оттаму известија дека Јанакиески телефонски побарал средба со претседателот Иванов, која се одржала на 13.11.2018 година во Кабинетот на Иванов. Но, на средбата не дискутирале за амнестија.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

Горан Наумовски

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он