Јанакиески: Граѓаните и компаниите да ги достават геодетските елаборати за побрза легализација

Од:

Граѓаните и компаниите кои сакаат да ги легализираат бесправно изградените објекти, што поскоро да ги достават геодетските елаборати, апелира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Според него, токму недоставувањето геодетски елаборати, но и нерешените имотно-правни односи се клучните причини кои го забавуваат процесот на легализација.

– Граѓаните и компаниите мора да ги изготват елаборатите кои се по исклучително ниска цена, помалку од едно евро. Крајниот рок за доставување веќе го продолживме, до 31 декември 2015 година. Дотогаш има доволно време, но не треба да се чека последниот ден, рече Јанакиески по врачувањето на решенијата за легализација во Општина Ѓорче Петров.

Министерот ги повика и корисниците на социјална помош побрзо да поднесат барања до Агенцијата за катастар која, согласно законските измени, бесплатно ќе им изготви геодетски елаборати. За нив, потсети, бесплатен е целиот процес на легализација.

– Македонија се доближува до бројката од 100.000 легализирани објекти што го потврдува фактот дека сме една од ретките земји кои успешно го спроведуваат процесот. Сепак, активностите ќе бидат заокружени со решавањето на сите 360.000 предмети, нагласи Јанакиески.

Со законските измени и бесплатните елаборати се очекува легализацијата да се спроведе кај дополнителни 40.000 семејства.

Во Ѓорче Петров денеска решенија за легализирање на дивоградбите им беа доделени на 38 граѓани. Како што истакна градоначалникот Сокол Митревски, тие сега ќе треба да извадат имотен лист, а за тоа е неопходно документите што ги добиле од општината да ги достават до катастарот.

– Легализацијата е една од приоритетните активности на општинската администрација. На општо задоволство, процест многу успешно се одвива. Успеавме да легализираме 3.300 објекти но, најголема кочница и натаму е некомплетната документација, особено недоставувањето геодетски елаборати, нерешените имотно-правни односи и секако, неплатеното само едно евро за веќе изготвеното решение. Навистина сакаме да ставиме точка на нелегалните градби и имаме желба до крајот на годинава да се реши овој процес, но некомплетните документи не кочат, нагласи Митревски.

И тој апелира граѓаните да не го чекаат последниот момент за доставување на документите зашто со легализацијата, пред се, се решаваат нивните долгогодишни горливи проблеми.

Во Општина Ѓорче Петров секоја недела се делат по најмалу 50 решенија што потврдува дека администрацијата е ажурна и се справува со предизвикот.

Би можело да ве интересира

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

Орце Костов

Општина Велес нема да ги урива дивоградбите на Бабуна, ќе спречува да никнуваат нови

Орце Костов

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска