А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Јанакиески го тужи Шилегов за нарушени чест и углед

by А1он23/03/2015 - 11:3723/03/2015 - 15:26230
Share0

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поднесе тужба до портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов за нарушени чест и углед.

Добивај вести на вибер

Тужбата се однесува на прес конференцијаат што Шилегов ја одржа пред „Автомакедонија“ на 28-ми декември, а на кои беа изнесени тврдења дека министерот дозволил продажба на државно земјиште на атрактивна локација среде Скопје за само 100 евра по метар квадратен.

„Министерството за транспорт и врски, на јавното наддавање во јуни 2012 година, продало две парцели кај Авто Македонија со вкупна површина од 1.245 метри квадратни. Цената е 7.656.750 денари, или 6.150 денари за метар квадратен. Значи 100 евра по м2“, изјави тогаш Шилегов.

Вистинската вредност на земјиштето што е продадено за 126.000 евра, според опозицијата, изнесува околу 1.000.000 евра. Од Министерството тогаш ги негираа, како што рекоа, изнесените лаги на СДСМ, но потврдија дека парцелата била продадена за 6.150 денари по метар квадратен.

На парцелата е предвидено изградба на катна гаража во барокен стил. Граѓаните од околните згради неколку пати протестираа против изградбата на овој објект и еднаш веќе спречија да се огради паркингот за да почнат градежни работи.

Ова е четврти министер од Владата на Никола Груевски, кој го тужи Шилегов за навреда и клевета. До сега тужба против него поднесоа министерот за финансии, Зоран Ставрески и министерките за култура и внатрешни работи, Елизабета Канческа-Милевска и Гордана Јанкулоска.

Маја Васева

janakieskisdsm

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го проичита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:06

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:43

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен