Јанакиески: ЕУ да го помогне развојот на инфраструктурни капитални проекти во регионот на ЈИЕ

Од:

Европската Унија и нејзините членки треба да направат напори да поддржат создавање услови за проширување на новата трансевропска транспортна мрежа кон Југоисточна Европа со што би се добила и поголема поддршка за имплементирање капитални инфраструктурни проекти во земјите од регионот со цел подобра регионална поврзаност и одвивање на превозот.

Тоа го истакна македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во обраќањето на осмата годишна министерска конференција за развој на транспортната мрежа на Југоисточна Европа – „Транспортна опсерваторија на Југоисточна Европа“ (SEETO) која се одржува во Загреб.

Јанакиески пред учесниците на министерската конференција ги претстави капиталните проекти за изградба и обновување на железничката и патната инфраструктура во Македонија.

– Како резултат на посветената работа на Владата на Република Македонија, во 2011 година успеавме да ја комплетираме изградбата на автопатската делница на Коридорот 10 Куманово – Табановце и да се изгради нов аеродром во Скопје и целосно да се модернизира аеродромот во Охрид согласно сите најнови стандарди, што претставува целосна инвестиција од приближно 240 евра, рече Јанакиески.

Тој се осврна и на проектите што се имплементираат во патната и железничката инфраструктура, како што се изградбата на нов автопат на делницата Демир Капија – Смоквица и на пругата долж Коридорот 8 од Куманово до Крива Паланка во рамки на што се користат пари и од европските финансиски инструменти.

Јанакиески побара поддршка за реализација на проектот за железничката делница од Крива Паланка до границата со Бугарија и повика  оперативната програма за развој за Република Македонија за периодот 2012-2013 да биде одобрена до крајот на годината за да се продолжи со планираните активности што се особено се значајни за инфраструктурен развој на коридорите.

На годинашниот состанок присуствуваат делегации претставени на високо ниво од сите земји во регионот, како и од Европската Комисија, земји-членки на Европската Унија, меѓународни финансиски институции и различни организации од областа на транспортот.

Транспортната опсерваторија на Југоисточна Европа е регионална транспортна организација, формирана со Меморандумот за разбирање потпишан во 2004 година од повеќе влади и Европската Комисија. Нејзина цел е да промовира соработка за развој на главна и помошна инфраструктура на мултимодалната мрежа и да ги јакне локалните капацитети за имплементација на инвестициски програми.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска