Јанакиески дал отказ во ВМРО-ДПМНЕ и се вработил во „Пелистерка“

Од:

При проверката на личните податоци на денешниот почеток на судскиот процес за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, ексминистер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој е обвинет во случајот пред судот кажа дека повеќе не е вработен во партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека сега е со работен ангажман во компанијата „Пелистерка“.

Во предметот, кој според новиот распоред на судии го суди Огнен Ставрев, првообвинет е екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Покрај него, обвинети се уште шест лица: ексминистерот Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Истрагата за предметот со кодно име ТНТ беше отворена во април 2016 година, а летото 2017 година Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт.

И поранешниот градоначалник наопштина Гази Баба, Тони Трајковски го корегираше судот, дека по заминувањето од градоначалничката функција сега работи во ЕЛЕМ.

На првото рочиште за уривањето на „Космос“, сопственикот Фијат Цаноски најави оштетно побарување. Рочиштето со дополнување на воведниот говор и доказната постапка, со сослушување сведоци е закажано на 9-ти февруари.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче