Ќерката на Силвија Стојановска: Мојата мајка не е дилер

Од:

Актерка Силвија Стојановска беше уапсена во четвртокот вечерта под сомнение за вмешаност во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Шпанија. По рочиштето во обвинителството, на Стојановска и беше одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

Ќерката на Силвија Стојановска, Јана Стојановска Бојиќ, која стана позната во култната серија „Сенки над Балканот“ тврди дека нејзината мајка нема никаква врска со шверцот со дрога.

„Бев шокирана кога слушнав дека мајка ми е притворена, но кратко, бидејќи наскоро беше откриено дека таа нема никаква врска со трговијата со дрога! Таа е поврзана со ова заради братот на нејзиниот партнер, кој е осомничен за трговија со дрога. Мајка ми беше нападната и приведена без причина, таа е невина – изјави Стојановска за српскиот портал „Република“.

Таа додаде дека ова нема да ја наруши долгогодишната кариера на нејзината мајка.

– Не знам дали нејзиниот партнер има врска со ова, ќе покаже истрагата. Она што го знам е дека мајка ми нема никаква врска со криминал! Се слушнавме по сослушувањето, таа беше потресена, но сега е добро. Одреден и е куќен притвор, но после тоа ќе побараме да се брани од слобода – тврди Јана.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва