Јакуповиќ: Бандо криминална! Дали мирно спиете!?

Од:

„Бандо криминална! Дали мирно спиете!?

Засрамете се вие мои колеги кои го хушкавте народот да тргне во напад на институциите!
Овие малкубројни криминалци кои вчера на нај примитивен начин нападнаа недолжни граѓани! Сите ќе одговарате за своите злодела!

За вас режимски полтрони бараме најстрога казна!
Ќе служите како пример за идните генерации, “да не се повтори и никогаш да не се заборави!”

Вам сите опозициски пратеници и сите соработници, вработени во собранието на Р.М. кои бевте на браникот во одбрана на демократијата и враќање на правната држава вечно ќе ви бидеме благодарни! Народот се поклонува на вашата храброст и истрајност!

Доаѓа животот во Македонија.

Го честитам изборот на новиот претседател на собранието на Р. Македонија и новото парламентарно мнозинство која ветува дека ќе работи исклучиво за јакнење на демократските принципи и начела!
Република Македонија ослободена од режимското зло вчера испиша историја и започна да пишува ново поглавје во која главната улога ја има Граѓанинот!

Аирлија слобода“, се вели во писменото соопштение на Един Јакуповиќ.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата