Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

Од:

Онер Јакупоски, кандидат за градоначалник за општина „Маврово-Ростуше“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и потенцираше дека време е да се врати надежта во општина Маврово-Ростуше и да стане општина која ќе биде сервис на граѓаните, каде младите ќе ја градат својата иднина.

„Денес стојам пред вас со јасна цел, да ја промениме нашата општина, да ја прекинеме летаргијата и апатијата, од нефункционална општина да направиме општина што ќе биде вистински сервис за сите граѓани и еднакви можности за сите. Време е да ја вратиме надежта, време е да создадеме општина, каде младите ќе градат своја иднина тука а не во туѓина. Ви ветувам ќе бидам гласот на народот, ќе работам со силна енергија и решителност да донесеме вистински промени во Маврово и Ростуше. Мојата програма не е само парче хартија, таа е програма која ги детектира сите проблеми во нашата општина, мојата програма претставува обврзувачки документ кој се потпира во пет столбови и тоа модерна општинска инфраструктура, туризам, дигитализирана општина, зелена чиста и енергетски ефикасна и петтиот столб, општина на културата и традицијата и мост за комуникација со дијаспората“, рече Јакупоски.

Јакупоски наброи дел од проектите на изборната програма и го потенцираше отворањето на нова општинска канцеларија која ќе биде центар за услуги на граѓаните, каде што ќе можат да ги подигнуваат сите потребни документи коишто се дигитализирани.

„Санација на спортската сала Македонија, предвидуваме изградба на нов мост под село Ростуше на регионалниот пат, како трет клучен проект за развој на туризмот предвидуваме изградба на пешачка и вело патека околу мавровското езеро. Ќе соработуваме со сите локални бизниси, хотели, со помош на вештачката интелегенција ќе воведеме многу новини, преку отворање на општинска канцеларија која ќе биде центар за услуги, каде што на едно место ќе можат да ги подигнат сите барани документи коишто се дигитализирани а сето ова ќе го направиме во тесна соработка со Министерството за дигитализација. Во иднина очекувам одлична соработка со раководството на националниот парк Маврово во делот на јавната чистота, со организирани акции да ги исчистиме дивите депонии настанати изминативе осум години. Во општинското комунално претпријатие ќе иницирам сериозни реформи и комплетна реорганизација“, посочи Јакупоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ