Јакимовски: Жерновски започна да работи со кавга што ќе се претвори во плачка

Од:

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во интервју за Нова Македонија одговара на прашање за тоа дали постои некаква можност за соработка, коалиција, меѓу него и Андреј Жерновски, градоначалникот на Центар.

– Тој првпат во животот треба да почне нешто да работи и, за жал, започна да го работи со кавга. Очекувам по оваа негова помпезна расправија, полека но сигурно да се претвори во плачка и сигурно оној што ќе плаче ќе биде Жерновски. Не верувам дека претставниците на власта ќе му седат со скрстени раце. Ако што било се обиде има второстепени владини комисии, кои ќе ги поништуваат сите негови одлуки, така што мислам дека бадијала пука со ќорци. Наместо да се посвети на тоа што треба да го прави во наредниот мандат, тој започна со запирање проекти. Мојот и неговиот концепт за водење општина се сосема различни и нема зошто ние двајцата да бидеме некаква коалиција – вели Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски