Јакимовски: Жерновски ми праќа шпиони

Од:

Стевчо Јакимовски денеска на прес конференција го обвини за кукавичлук Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар.

Лицето, рече, Јакимовски кое го предизвика инцидентот на седницата на советот лажно претставувајќи се како новинар на Вечер е член на СДСМ, братучед на Наташа Савова, татко му и мајка му работат во Општина центар, а тој во паркинзи.

„Против него и против останатите организатори на овој инцидент, на седницата на Советот на општина Карпош ќе биде поднесена кривична пријава. Воедно сакам да му заблагодарам на колегата Андреј Жерновски на неговата некоректност затоа што се обидува на ваков начин да врши попречување на работата на Советот на општина Карпош и се спушта под нивото на кукавица која барем снесува јајца во туѓи гнезда, а тој се обидува да прави неприлики во туѓи совети во други Општини. Јас мислам дека тоа е далеку од примерноста и на минимум колегијалност, односно на еден коректен однос кон свои колеги градоначалници, кон советот на друга Општина како што во случајов е Советот на општина Карпош“, изјави Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски