Јакимовски: Заев да ги објави разговорите помеѓу Мијалков и Црвенковски

Од:

Петседателот на граѓанската опција на Македонија ГРОМ Стевчо Јакимовски го повика претседателот на СДСМ да ги објави разговорите меѓу нив двајца пред две години:

-Пред три дена го повикавме господинот Зоран Заев да го објави разговорот меѓу мене и него воден на 14 февруари 2013 и СМС пораката која тој ми ја испрати на 17 февруари 2013 во 1.30 часот по полноќ. Но, гледаме дека тој и натаму сака единствено објавена работа за него да остане разговорот со неговата ќерка, иако самиот тврдеше дека тој е жртвата на прислушкувањето од страна на власта.
По фијаското што го доживеаа во Универзалната сала, граѓаните и аналитичарите коментираат дека не видовме ништо спектакуларно, дека овде нема, како што се најавуваше, обиди за убиство на одредени граѓани, организирање за земање на „рекет“, тргување со дрога, земање народни пари како и други недозволени активности.

Единствен спектакл од оваа работа што ние деновиве ја гледаме е обидот на Социјалдемократскиот сојуз да си ги фрла бомбите во сопствените дворови. Најпрво се обиде господинот Бранко Црвенковски преку Андреј Петров и Васко Ефтов да ја фрли бомбата кај Заев, а потоа Заев, ја фрли бомбата кај Бранко Црвенковски преку Андреј Жерновски.

Од сето ова најспектакуларно и најнеочекувано што граѓаните можеа да го слушнат, изјави денес лидерот на ГРОМ, е како Бранко Црвенковски и раководството на СДСМ се обидувале да се договорат да ја изменат волјата на граѓаните на Општина Карпош и на Општина Центар. Оттука можеме да видиме до каде оди и како до крај изгледа расипаноста на Социјалдемократскиот сојуз, констатираше Јакимовски.

Од тие причини, бараме господинот Заев, кој ги поседува сите овие снимки, да го објави разговорот помеѓу господинот Бранко Црвенковски и господинот Сашо Мијалков, за да можат граѓаните јасно да видат кој се обидувал да манипулира со нивните гласови и тоа додека се наоѓа во опозиција, а само можеме да претпоставуваме какви би биле нивните обиди да ја изменат волјата на граѓаните на Карпош и на Центар кога би дошле на власт.

Би можело да ве интересира

Според ГРОМ, ден „Д“ од каде треба да се насочи истрагата е 21.12.2024 год. денот кога УJП, на овој објект му ставила пломба и го затворила

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

A1on