Јакимовски: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ водат ноевска политика

Од:

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водат ноевска политика, односно главата им е ставена во песок и на заканите и уцените од Османи и Таравари никако не одговараат. Јас јавно ги прашувам дали ќе се одважат еднаш на овие уцени да одговорите со ваш одговор, а одговорот е дека ако има уцени за состав на Влада, ние ќе направиме широка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите останати што сакаат да влезат во Влада. Па, кој сака бујрум, кој не сака нека седи надвор, изјави денеска во Струмица претседателскиот кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски коментирајќи ги изјавите на дел од албанските партии за избор на претседател во Собранието и учество во Влада која ќе ги донесе уставните измени.

Според Јакимовски, ова го очекува македонскиот народ и до кога, како што рече, мислат да го понижуваат токму партиите кои се претставници на македонскиот народ.

-Еве јавно кажувам – зошто не излезете да одговорите на овие закани, зошто господинот Мицкоски се прави дека кога ќе дошол на власт ќе го скротел ДУИ. На ваков начин ли ќе го скротите со ставање на главата во песок и цело време молчите и ништо не одговарате. Излези и јавно кажи дека со уцени и закани не си подготвен да соработуваш, па макар и да не формираш Влада. И да го видам тој што ќе формира Влада потоа како ќе му се крене целиот македонски народ зашто прифаќа уцени и закани, бидејќи со секои нови избори, со секои промени на Уставот, нас, Македонците, не поткусуруваат како монета и практично ништо не останува од нашиот идентитет, истакна Јакимовски.

Во Струмица изјава даде и Ружица Николова, носител на пратеничката листа во изборната единица четири на Коалицијата „Храбро за Македонија“.Таа потенцираше дека главни програмски заложби се да запре иселувањето и да се отвораат нови работни места.

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска имаше средби и со граѓани во Гевгелија и Ново Село.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и на Карпош ќе се вразумат

Јакимовски најави дека ќе го напушти ЗЕЛС „ако продолжи теророт од власта“

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Горан Наумовски

Јакимовски ја обвини владата дека со помош на разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат таканаречена „албанска академија на науки“