Во насока и поддршка во кампањата за здравје и здрав живот на Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, денес заменик министерот за образование Спиро Ристовски и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски беа во посета на ООУ „Владо Тасевски“ и тамошниот спортски клуб којшто функционира неколку години наназад.
-Нашето министерство, изјави во таа пригода заменик министерот Ристовски, целосно се вклучува во активностите поврзани со секојдневните активности, на учениците во насока за подобрување на нивното здравје од аспект на промоција на спортските активности. Токму заради тоа, денеска сме присутно во ООУ „Владо Тасевски“ во општина Карпош, да дадеме целосна поддршка и пример за другите училишта во другите општини во градот Скопје и во целата држава. Со тоа даваме и поддршка за она што го има направено општина Карпош, а тоа е и почеток на реализацијата на законската обврска за регистрација на училишнио спотски клубови. Зголемената спортска активност на учениците, од аспект на здравјето на децата, заклучи Ристовски, ќе придонесе за нивен квалитетен ангажман во спорт кој пак резултира со подобрување на целокупнтото здравје кај учениците.
Поздравувајќи ја оваа владина акција, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски рече:
-Ние веќе поголем дел од овие активности сме ги имплементирале со тоа што веќе три и пол години општина Карпош плаќа нутриционист и се грижи за квалитетот на храната на децата во градинките и во основните училишта.
Исто така, во Карпош водиме сметка за активен и здрав живот на нашите млади сограѓани првенствено преку спортување. За таа цел за ученици на територија на Општина Карпош организираме училишна лига во фудбал, во кошарка во одбојка, во пинг понг и во шах. Организираме натпревари и во есенскиот и во пролетниот дел, се со цел да ги привикнеме младите луѓе од најмала возраст да спортуваат, да водат здрав живот, да негуваат во себе натпреварувачки дух и да бидат научени да ги трпат и поразите и победите кои ги носи спортот со себе.
Повеќе од очигледно е дека тоа наидува на голема поддршка на учениците на територија на општина Карпош. Затоа, имаме намера училишните лиги да ги прошируваме и во други спортови во училиштата, а имаме намера и во другите училишта да отвориме вакви клубови, при што тие да бидат финансирани од локалната самоуправа. Она што е посебно важно, рече на крајот градоначалникот Јакимовски е што во ООУ „Владо Тасевски“ веќе успешно функционира еден училишен спортски клуб, и благодарение на тоа училиштето постигнува извонредни резултати во спортот. Досега тие беа повеќепати шампиони и во кошарката и во одбојката и тоа на државно ниво.
Досега во Македонија се регистрирани 52 училишни спортски клубови, а се очекува да се регистрираат уште 80-тина.