Јакимовски: Пратеникот на ГРОМ „златна акција“ во Парламентот

Од:

Лидерот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевче Јакимовски денеска изрази задоволство од освоениот мандат во Собранието на Република Македонија, посочувајќи дека партијата заслужува многу повеќе, но како нова сила на политичката сцена треба многу повеќе време.

– Коалицијата ГРОМ го освои својот прв пратеник, во релативно кус рок од формирањето на партијата, пред шест месеци. Тоа е Чедомир Саздовски во ИЕ 1. Со овој чин, ГРОМ станува парламентарна партија, што значи дека имаме нова сила во Парламентот на Република Макединија која ќе има можност да учествува во креирањето на државната политика, рече Јакимовски.

Имајќи предвид дека ВМРО-ДПМНЕ освои 61 мандат во Парламентот, објективно, како што рече Јакимовски одговарајќи на новинарски прашања, специфична тежина на партијата е многу поголема.

– И овој еден пратеник е најверојатно таа „златна акција“ која што ја има ГРОМ. Но оваа предност во секој случај ќе се користи за конструктивност во работата на Парламентот, изјави Јакимовски.

Партијата на парламентарните избори освоила, според него, вкупно 31.610 гласови и се бори за за вториот пратеник во ИЕ4 Панчо Минов.

Како партија од центарот ГРОМ, според Јакимовски, ќе ги поддржува сите добри работи кои ќе ги спроведува Владата, но во исто време ќе се спротистави на сето она што нема да биде во интерес на граѓаните и ќе предлага конструктивни решенија за тековните проблеми.

Јакимовски рече дека не може да го коментира барањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев за техничка влада, од причина што изборите ги спроведува Државната изборна комисија, на чие чело стои претставник од опозицијата.

– Сметам дека тие се најодговорни за тоа како тече изборниот процес во Македонија. Според реакцијата на ДИК, можете да забележите оти нема забелешки на изборниот процес, рече претседателот на ГРОМ Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

Тројца загинати и четворица повредени – гром удри на плажа во Русија

А1он

Според ГРОМ, ден „Д“ од каде треба да се насочи истрагата е 21.12.2024 год. денот кога УJП, на овој објект му ставила пломба и го затворила

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ