Јакимовски: Подготвен сум на подметнувања во претстојните 40 дена

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски реагира на информацијата за поднесената пријава од „Урбан Инвест“ против него.

Тој вели дека е подготвен во претстојните 40 дена да се носи со вакви подметнувања.
Појаснува дека фирмата „Урбан Инвест” која ја започна реконструкцијата на платото кај Млечен ресторан во текот на работата се однесувала, според него, неодговорно, неорганизирано и работела со несоодветен стручен кадар. Во неколку наврати поради несоодветната динамика во работењето и несериозното однесување при изведувањето на градежните работи, биле повикани на усмени состаноци во Општината, а биле предупредени и во писмена форма.

„Поради тоа, Општина Карпош одлучи да го раскине договорот со оваа фирма и до надлежниот суд да поднесе тужбено барање за несоодветно однесување и надоместок на штета, од страна на „Урбан Инвест”. Оттаму, јасни се и мотивите за реваншизам и политичка дисквалификација зад кои оваа фирма сака да ги прикрие својот непрофесионализам и изгубениот кредибилитет во деловниот свет. Исто така, „Урбан Инвест” е фирма од која многу инвеститори во Општина Карпош честопати доаѓаа и се жалеа за несериозност во работата и лошата изведба на работите кои им се доверени“, стои во соопштението на Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски