Јакимовски: Петров е политички мртвиот кандидат за Карпош

Од:

Сојузот за иднината со валкана кампања, лаги и измислици да го одржи во „живот“ политички мртвиот кандидат за Карпош, Андреј Петров. Задушен од својата неинвентивност и безидејност за иднината на граѓаните на Карпош, се фатил како слеп за стап за „кираџиството“ на Стевчо Јакимовски.

Тие се во тотално бунило, тврдеа дека куќата е сопственост на Стевчо Јакимовски, па после дека е кирајџија во неа, ги измешаа и марките на автомобилите. Но, нив, едноставно им пречи што постои и што е жив. Затоа и му ставаа венци со црни превези, тврди актулениот градоначалник на Карпош и кандидат на Српската напредна страна за истата функција, Стовчо Јакимовски, по изјавата на преставниците на опозицијата насочена кон наводниот имот на Јакимовски.

„Наместо да нуди конкретни проекти како ќе им го подобри животот на жителите на Општината, тој со неговиот штаб се обидуваат да „копаат“ по животот на Јакимовски, креирајќи петпарачки афери, само да предизвика какво-такво внимание во јавноста пред изборниот пораз што го чека во недела на 7 април. За сé друго му е предоцна“, се вели во писмената реакција на Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?