Јакимовски очекува убедлива победа во Карпош

Од:

На завршниот митинг кој го одржа вечерва во Лептокарија побара граѓаните на Карпош да го дадат својот глас за него и неговиот граѓански концепт.

Стевчо Јакимовски в недела очекува убедлива победа во Карпош. Назавршниот митинг кој го одржа вечерва во Лептокарија побара граѓаните на Карпош да го дадат својот глас за него и неговиот граѓански концепт. На своите сограѓани им порача дека е доста од поделби и ја побара поддршката од сите без разлика на етничка или политичка определба

Јакимовски пред жителите на Карпош ги повтори проектите со кои ја бара нивната доверба, Гасификација, бесплатни градинки и екскурзии, поддршка на талентирани спортисти, вработување на младите, изградба на пензионерски дом, помош на старите и сиромашните.

За изминатите 17 дена од кампањата, тој рече дека се сретнал и разговарал со околу 12 000 граѓани, кои му ја ветиле поддршката и храбро ги истрпел ниските удари и критиките на неговиот противкандидат. В недела граѓаните ќе докажат дека знаат да ги почитуваат вистинските вредности, рече Јакимовски и ги повика да го заокружат бројот 8.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?