Јакимовски: Нема да соработуваме со СЈО

Од:

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски денеска на прес-конференција најави дека партијата, тој како градоначалник на Општина Карпош и Општината, доколку СЈО побара соработка, нема да соработуваат, а како аргументации ќе ги дадат истите кои ги дала специјалната обвинителка Катица Јанева.

– Ако некој мисли да не заплашува со закани и апсења, воопшто не се плашиме, па нека дојдат и со корпус војска – ќе им се спротиставиме, рече Јакимовски.

Тој побара сите институции во Република Македонија од кои СЈО ќе побара соработка да одговорат во нејзиниот стил „подготвуваме свадба и чекаме Велигден“.

Смета дека таквото објаснување на Јанева со кое го одложила судењето на претседателот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Пуч“ е, како што потенцира, врв на неодговорност кон граѓаните, но и кон 4 милиони евра буџет кој тие го одвоиле од социјалата, од пензионерите, од болните…

Непочитување и несериозен однос кон судските органи, според него, покажуваат и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски која, како што рече, не почитува судска одлука, министерот за внатрешни работи кој апсел градоначалник без судски налог, а лидерот на опозицијата Зоран Заев одложувал судење за „Поткуп“ со изговор дека адвокатите му се во странство.

Би можело да ве интересира

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

Орце Костов

Андоновска: Ќе се залагам пензијата во едно семејство да не биде помала од 25 илјади денари

Гром ќе се залага за изградба на пет старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

Д-р. Добрила Андоновска: Бујар Османи ја искористува позицијата министер за собирање на предизборни поени

(ВИДЕО) „Не продаваме ништо ниту пред избори ниту по избори“: ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР ја промовираа коалицијата

Орце Костов