Јакимовски: Нема чистка во Карпош, СДСМ да си ги провери фактите

Од:

Градоначалникот Стевчо Јакимовски реагираше по повод, како што вели, неоснованите обвинувања од СДСМ за т.н. „партиска чистка“ во Општина Карпош.

„СДСМ продолжува со неинвентивната практика на неосновани обвинувања и изигрување плачковци. Последниот ваков атак во низата им е дека на 11 привремено вработени во Општина Карпош им е прекинат договорот за работа. Притоа, од СДСМ забораваат да ја проверат веродостојноста на фактите и се потпираат на „рекла – кажала“. Станува збор за истекување на договорот на девет привремено вработени во Општината, од кои петмина се членови на ГРОМ.

– Но, СДСМ заборава и нешто друго. Заборава дека ги изгуби изборите во Општина Карпош, односно дека Стевчо Јакимовски ја доби довербата од најголемиот број граѓани. Заборава и дека прво ним им беше понудена соработка за функционирање на Советот на Општината, но тие ја одбија коалицијата. И, конечно, го забораваат најважното, дека СДСМ не е на власт во Карпош и дека сега е предоцна за каење, па им останува само плачење по прес-конференции“, вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски