Јакимовски на средби со граѓани во Кичево: Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет

Од:

Кандидатот за претседател од политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска одржа средба со граѓани во Кичево.

На средбата, како што информираа од неговиот Изборен штаб, Јакимовски ги презентираше програмските определби на коалицијата „Храбро за Македонија“, а се зборуваше и за актуелните проблеми на граѓаните.

-Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет, ќе бидам претседател за сите граѓани на Република Македонија и Македонија секогаш ќе биде на прво место, порача Јакимовски.

Претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ, денеска во рамки на кампањата одржа средба и со жителите на Гостивар. Пред гостиварци тој говореше за актуелните случувања и напомена дека најголемата мака е иселувањето од државата, кое рече се случува поради лошите политики на досегапните владеjачки гарнитури..

Зборувајќи за промената на Уставот, тој упати критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.

-Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата, рече Јакимовски.

Би можело да ве интересира

ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада

Советниците од Карпош се противат на владината одлука за одземање на салата „Партизан“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Јакимовски: Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за негувателки и воспитувачки во градинките во Карпош

(ВИДЕО) Јакимовски: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, владата спие

Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кои сум осуден, ја водел како полномошник Панче Тошковски