Јакимовски: Министерот за спорт не се откажува од својата каубојска намера да ја одзема салата „Наум Наумовски Борче“

Од:

Градоначалникот на општина Карпош денеска уште еднаш го повика министерот за спорт Борко Ристовски да се откаже од намерата да ја одзема салата Наум Наумовски Борче“ и му порача дека во спротивно нема да има проблем само со него, туку и со Советот и со жителите на Карпош.

Очигледно министерот за спорт не се откажува од својата каубојска намера и продолжува со своите небулозни изјави. Една од небулозите е дека сум немал проекти и сум се плашел од избори. Да кажете дека Стевче Јакимовски нема проекти е исто како да кажете дека Новак Ѓоковиќ не знае да игра тенис. Веројатно бил многу зафатен со ракометот, па не ја следел многу политиката, па да го потсетам дека победувам четири пати на избори и четири пати ја победувам неговата партија со проекти, а не како нив со користење на четирите свети букви. Јас сум најнаградуваниот градоначалник во Југоисточна Европа. Имам четири меѓународни награди, јас прв го исчистив кејот на Вардар, прв го осветлив и го поплочив кејот за да може и ноќе да се шета и заедно со колегата Андреј Петров ја направивме велосипедската патека. Јас прв ги осветлив спортските терени и игралиштата во училиштата за да може и навечер да се игра, јас прв воведов училишни лиги во фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг, ракомет и тн… Јас сум прв што давам стипендии за

Тој на министерот за спорт го праша: Ќе ни кажеш ли ти колку проекти си направил откако си министер веќе една година? Која новина ти ја воведе во раководењето со министерството? Што направи ти, освен каубојскиот однос што го покажуваш кон општина Карпош?“.

Потоа му се обрати со зборовите:

Господине Ристовски, ти немаш проблем со мене, имаш проблем со граѓаните, имаш проблем со Советот на општина Карпош, имаш проблем со своите лаги, со аргументите и фактите кои што се на наша страна. Во името на граѓаните на општина Карпош уште еднаш ве повикувам не го спуштајте нивото на комуникација и мислам дека не е добро за граѓаните на Карпош да се служиме со лаги. А вие се служите со лаги. Ја изманипулиравте владата знаеш како што вие служите. Одговорни луѓе кои водат министерства, кои ја водат државата, иако биле класични единичари, иако биле двојкаши, денеска се возрасни луѓе и мораат да се однесуваат совесно и одговорно. И пред се да не кажуваат лаги. Ја изманипулиравте владата за да донесе одлука за одземање на салата, а истата е пуштена во употреба и функционира. Јасно сакам да ви кажам проблемот не ви е само кај мене, проблемот ви е и со граѓаните и со Советот и нема така лесно да ви дозволиме да правите што сакате со овој објект и политиката од вашите кабинети да ја пренесувате врз спортската сал

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Советот на Карпош апелира до владата да ја преиспита одлуката за одземање на салата „Партизан“

Предраг Петровиќ

Ристовски: Министерството за спорт ќе ја дореновира салата ,,Наум Наумовски Борче“, што поради негрижата на Јакимовски стои затворена цела година

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот на спортот во државата

Левица: Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност

Катерина Ѓуровски

Јакимовски: Актерот Вељановски се направи експерт дури и за канализации

Горан Наумовски

ГРОМ: Нотарските изјави од пратениците, Мицкоски веројатно ќе употреби како тоалетна хартија