Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кои сум осуден, ја водел како полномошник Панче Тошковски

Од:

Пресудата за легализација на четири објекти покрај „Илинденска” е политичка, оцени денеска на прес-конференција, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во врска со судскиот предмет за кој беше осуден на казна затвор од три години и шест месеци.

Јакимовски претстави, како што рече, уште еден доказ за невиност во осудителната пресуда. Овие докази, нагласи, се однесуваат на постапката водена за легализација на четирите објекти што се наоѓаат покрај „Илинденска”.

– Интересно е што легализацијата на еден од овие објекти ја водел како полномошник адвокат Панче Тошковски. Натаму, значи урбанистичката согласност овде гледате ја подигнал адвокат Панче Тошковски. Интересно и натаму што е, на пресметката на комуналиите значи, документите потоа одат во Град Скопје, потпишан Александар Јанакиески. Тој е сега раководител на сектор за урбанизам во Гази Баба. Претходно бил раководител на сектор за урбанизам во Град Скопје, а претходно раководител на сектор во Општина Центар. Господинот адвокат сега министер Панче Тошковски, не го потенцирам за да го инкриминирам. Напротив, сакам да кажам дека ја познава одлично оваа материја. Тој не би поднел барање за легализација како полномошник на сопственикот, од причини што Тошковски заедно со Миле Јанакиески учествуваше во тимот што го изготвуваше законот за легализација, истакна Јакимовски.

Притоа подвлече дека она што било најинтересно, било тоа што полномошникот Тошковски имал доставено изјава заверена на нотар, од страна на сопственикот на објектот, дека објектот го поседува повеќе од дваесет години и дека објектот бил дивоградба.

– Значи сега имаме мртва трка. Меѓу оној што го чита законот и оној што го правел законот. И сега треба да погодиме отприлика, кој подобро ја познава оваа материја. Ова е уште еден доказ дека во моментов оваа пресуда е само политичка и ништо повеќе. И ова само покажува дека кога е во прашање струка, тогаш адвокат Панче Тошковски совесно си ја завршил својата работа, бидејќи објектот имал право на легализација, нагласи Јакимовски на прес-конференцијата.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски на 23 април годинава беше осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела злоупотреба на службена положба, а поранешен вработен во општината доби условна казна во траење од две години. За пресудата која не е правосилна Јакимовски најави жалба.

Актуелен градоначалник на скопската Општина Карпош исто така минатата година се најде на црната листа на американскиот Стејт Департмент.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, обвинува СДСМ

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош