Јакимовски ќе одговара за злоупотребите со јавните набавки, Русковска смета дека тоа дело му останува

Од:

Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, не е амнестиран со донесувањето на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, бидејќи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го товари за злоупотреба на службена положба и овластување. Ова обвинителката Вилма Русковска го објаснува за „А1он“, откако изгласаниот закон беше протолкуван како ослободување од обвинение за Јакимовски. Русковска вели дека ако Јакимовски се гони за бесправно градење, а донесениот закон предвидува запирање на тие постапки, тогаш процесот си продолжува со гонење по кривичното дело за злоупотреба. Сепак, Русковска кажа дека не го прочитала Законот, за да може прецизно да се толкува.

„Како што се сеќавам се гони за злоупотреба на службена положба. Бесправно градење може евентуално да отпадне, ама злоупотребата како ќе отпадне? Не го знам точно обвинението, ама ако има злоупотреба, таа останува. Не сум го прочитала и треба убаво да се види законот и обвинението, ама не може злоупотребата да потпадне под тоа“, вели Русковска во куса изјава за „А1он“.

Според Обвинителството и обвинителниот акт од 2019 година, Јакимовски се гони за спроведена јавна набавка и склучил договор, без да има банкарска гаранција за квалитетно, но и навремено извршување на договорот. Подоцна, го раскинал договорот поради неквалитетно изведување на работите. На овој начин, се смета дека го оштетил буџетот на Општина Карпош за 303.295 денари, односно 5% од вредноста на Договорот за јавна набавка. За ова, процесот против Јакимовски треба да продолжи.

Вториот дел од обвинението е за тоа дека Јакимовски како градоначалник, во име и за сметка на правното лице, а тоа е Општина Карпош, во својство на инвеститор, без одобрение за градење изградил административен објект. Поради ова, Јакимовски се гони за бесправно градење. Подоцна, Јакимовски спровел и постапка за легализација на објектот кој го изградил без одобренија, но според Обвинителството и тоа го сторил спротивно на законските прописи бидејќи тогашниот закон не предвидувал легализација на објекти за деловна намена.

Сега, според членот 2 став 5 од Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, може да се легализира дивоизградениот објект од Јакимовски, кој го легализирал спротивно на законите, бидејќи истиот е во владение на Општина Карпош. Ако тоа се стори, тогаш Јакимовски заедно со другите обвинети за бесправна градба, нема кривично да одговараат.

Би можело да ве интересира

Општина Карпош ќе субвенционира трошоци за нови велосипеди

Ана Ололовска

Панел дискусија во Карпош: Вклучувањето на младите лица со попреченост мора да се одвива секојдневно и пандемијата да не претставува пречка

Ана Ололовска

Десетина наставници во ОУ „Владо Тасевски“ заразени со коронавирус, училиштето целосно преминува на онлајн настава

Жарко Настоски

ВИДЕО: Вардар во Карпош затрупан со ѓубре и дрвја

А1он

Без струја утре дел од Општина Карпош

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нов зелен сквер за граѓаните од Карпош 2

Ана Ололовска