Јакимовски ќе го решава проблемот со паркирањето на жителите од Карпош

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од Српската народна странка, Стевчо Јакимовски ветува на жителите од општина Карпош елиминирање на проблемот со паркирањето и дека општината ќе биде без зонско паркирање.

Карпош ќе остане општина без зонско паркирање само за жителите на оваа општина, рече Јакимовски најавувајќи изградба на нови паркиралишта и за надминување на проблемот кој особено се јавува на улица Рузвелтова.

Јакимовски додава дека улицата граничи со општина Центар, каде има зонско паркирање и оти проблемот што се јавува ќе биде надминат со тоа што во делот на општина Карпош ќе имаат право да се паркираат само жителите од оваа општина.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618