Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Од:

Во последните денови сведоци сме на една стара, веќе видена практика – истите луѓе кои четири години гласаа против катните гаражи, денес излегуваат со прес-конференции дека ги нема, а утре — без срам — ќе ги ветуваат како свои.

Тоа не е визија. Тоа е лицемерие.
Граѓаните на Карпош не заслужуваат лаги во боја и стари плакати со нови ветувања.

Додека тие менуваат приказни, ние ја менувавме реалноста:
реновиравме училишта и градинки, поставивме фотоволтаици, изградивме нова општинска зграда, направивме нови улици, паркови и јавни површини.

Затоа, на 19 октомври — да излеземе сите и да им покажеме дека Карпош не се продава на муабет.

Карпош се брани со работа, со резултати и со достоинство, рече кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари