Јакимовски: Карпош е прва општина со фотоволтаици во сите училишта

Од:

Во сите 10 основни училишта во општина Карпош веќе се поставени фотоволтаични панели – проект кој ја позиционира општината како лидер во зелена енергија и одржлив развој. Ова не е шминка, туку вистинска работа, визија и енергија што носи резултати, вели актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Карпош – Стевчо Јакимовски.

Со оваа инвестиција, училиштата веќе ги намалија своите сметки за електрична енергија, а следниот чекор е уште поамбициозен – да станат производители и продавачи на електрична енергија.

„Нашата цел е едноставна – училиштата да произведуваат повеќе струја отколку што трошат, да ја враќаат назад во системот и да станат мали енергетски центри со голема општествена улога“, изјави Јакимовски.

Со ова, Карпош ќе биде првата општина во Македонија што целосно ќе функционира на принципи на енергетска ефикасност и зелена трансформација.

Учениците ќе учат од жив пример дека иднината е зелена, а училиштата ќе се претворат во вистински симбол на одговорност и иновација.

„Додека некои велат дека ќе поставуваат панели, ние веќе ги имаме. И не само тоа – сега ги надградуваме и ги претвораме во генератори на енергија.
Карпош не чека наредби. Карпош мисли, работи и произведува – зелена енергија, чиста совест, силен Карпош“ порача Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Министерот за спорт не се откажува од својата каубојска намера да ја одзема салата „Наум Наумовски Борче“

А1он

Јакимовски: Актерот Вељановски се направи експерт дури и за канализации

Горан Наумовски

ГРОМ: Нотарските изјави од пратениците, Мицкоски веројатно ќе употреби како тоалетна хартија

Пандов: Стевче Јакимовски се обидува да го ситни отпорот кон предавниците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Па видете го човекот, тој сака или да умрам, или да бидам во затвор

А1он

ГРОМ ја раскинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

А1он