Јакимовски и Трајановски во трка за „татко“ на метрополата?

Од:

Врие во опозициските табори. Но не како што спинуваат некои медиуми поради кавги, расправии и несогласувања, туку поради мобилизација пред митингот в недела.

Се прават последните подготовки, сценариото, бината, финишира логото и химната.

Од опозицијата велат, ова ќе биде најголемиот митинг, со кој ќе и се покаже на власта дека народот не се плаши и ја зема судбината во свои раце, дека нема да  трпи повеќе ваква политика , која ја осиромашува државата, ја уништува демократијата, затвора медиуми и опозициски лидери.

Вечерва Централните одбори на ЛДП и на ВМРО-НП  на одделни состаноци, но во ист тајминг, ќе побараат од членството мандат за договор за коалициски опозиционен настап на локалната изборна трка.

Дознаваме заедничкиот настап и мото ќе бидат обелоденети утре на прес конференција.

Како што објави  А1  пред неколку дена во Скопје најверојатно ќе се судрат актуелниот Коце Трајановски и Стефче Јакимовски. Иако власта е убедена дека Трајановски, поради сработеното ќе добие нов мандат во метрополата, од опозицијата велат, Јакимовски е цврст кандидат, кој исто така има со што да се пофали за сработеното, велат трката сепак ќе биде неизвесна.

Анкетите на Андреј Жерновски за Центар му даваат предност. Од ВМРО-ДПМНЕ се свртеа неколку имиња како против кандидат, но некои како Тодоровиќ и Ганка Самоилова Цветанова, се откажаа.  Kако последен кандидат се споменуваше екс директорот на Лотарија и на Зоолошката градина Дане Кузмановски, иако се погласни се најавите дека партијата на власт се одлучува за министерски кадар, а тоа би била министерката за култура Канческа Милевска. Анкетите и на опозицијата, но и на власта покажуваат дека овој пат власта го губи Центар. И на претходните парламентарни избори, СДСМ имаше 3 илјади гласови повеќе од ВМРО-ДПМНЕ, а предноста е поголема доколку тука се пресметаат и гласовите на другите опозициски партии.

Опозицијата ги демантира написите за несогласувањата што ЛДП ќе даде кандидат за Центар, а ВМРО-НП со Борче Стефановски би му се спротивставила на актуелниот Тони Трајановски за Гази Баба.

За А1 велат, тоа е диктирано од кујната на „Центарот за лаги и манипулации“, и дека кандидатите се веќе прифатени од општинските организации.

Во Аеродром, власта повторно ќе трча со Ивица Коневски, а во СДСМ  како можна варијанта се споменува Драги Давчевски, советник во Град Скопје.

Сокол Митревски најверојатно не доби зелено светло за да се соочи со Александар Наумовски.

ВМРО-ДПМНЕ не соопштува, но најверојатно од лични причини Петар Латиновски нема да му биде противкандидат на Драган Начевски.

Најверојатно ниту Марјан Ѓорчев нема да добие доверба за нови четири години иако тој пројавува таков интерес. Но кој би го добил ова место, ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе одлучува.

Од СДСМ изненадувањее. Иако во медиумите се шпекулираше дека НСДП ќе го добие ова место, изгледа дека СДСМ не се откажува од една од најголемите општини. Како кандидат се споменува Љупчо Васовски, директор на малопродажба во Тинекс.

По најверојатната ротација во Скопје на Јакимовски не е извесно кои се адутите на двете партии. Својот, опозицијата ќе го соопшти неделава.

ВМРО-ДПМНЕ , по завршувањето на пријавувањето на аспирантите на конкурсот, ќе ги разгледува и анализира кандидатите, но имињата најверојатно нема да се знаат до Нова година.

Би можело да ве интересира

Во Франција падна град со големина на топче за голф, одложени летовите за Париз, уништени лозја

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он