Јакимовски: ГРОМ нуди мерки за конкурентни земјоделски производи

Од:

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ Стевчо Јакимовски попладнево во прилепската населба Рид имаше средба со граѓаните и земјоделците од Прилеп.

– Во земјоделството мора да се трудиме да ги намалиме трошоците, а тоа е можно само преку даночни олеснувања. Треба да се укинат данокот на доход за земјоделците, водениот надомест, да се укине ДДВ-то за суровини, репроматеријали, опрема, резервни делови, семенскиот материјал и за ѓубривата, а треба да се укинат акцизата и ДДВ-то за нафтата. Со тоа ќе се намалат трошоците во земјоделството, ќе се зголемат нивната профитабилност, конкурентност, и на таков начин би можеле да го зголемат извозот, а ние би имале поевтина храна, рече Јакимовски.

Тој предлага, како што рече, друга насока на поттикнување во земјоделството – да се развива конзервната индустрија и да се отвораат нови пазари.

Јакимовски денеска го посети и Кавадарци и на земјоделците, пазарџиите и локалните жители им ги претстави аграрните мерки во изборната програма на неговата партија. Во Кавадарци тој беше придружуван од носителот на листата за кандидати за пратеници во Четвртата изборна единица Панчо Минов.

– Во мене имате пријател, а ако бидам пратеник, вие знаете дека со мене во Собранието на Македонија ќе имате претставник на граѓаните кој секој еден закон ќе го гледа низ призмата на интересите на граѓаните од Кавадаречко и од Тиквешко, им рече Минов на своите сограѓани.

Јакимовски и Минов имаа средби и со неготинци, и ги посетија и селата Возарци и Дреново.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Централна пошта да стане Градски инспекторат и Центар за урбано планирање

Катерина Ѓуровски

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбил на Скопје

ГРОМ: Згрозени сме од одлуката на АВМУ Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Катерина Ѓуровски

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

Тројца загинати и четворица повредени – гром удри на плажа во Русија

А1он