Јакимовски додели пакети со храна во Домот за стари лица „Мајка Тереза”

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска го посети Домот за стари лица “Мајка Тереза” во населба Злокуќани.

Во таа пригода, во рамки на Денови на Општина Карпош по повод роденденот на општината 3-ти Номеври и светската недела на грижа за стари лица, Градоначалникот додели пакети со прехранбени производи за 85 згрижени лица.

„Повозрасните лица заслужуваат и имаат посебно внимание во нашата општина, и локалната власт прави сè што е во нејзина моќ и надлежност да им го олесни и подобри живеењето во овој нивен заеднички дом”, рече Јакимовски.

Првиот човек на Карпош, исто така нагласи дека има потреба да се изгради целосно нов дом за стари лица во Карпош и дека со заеднички напори со Градот и со централната власт тоа би можело да се реализира.

Од страна на раководителот на „Мајка Тереза”, Никола Матевски, на градоначалникот Јакимовски му беше врачена благодарница во името на Герентолошкиот завод,, болницата „Сју Рајдер” и од овој Дом „Мајка Тереза” за континуираната грижа и посветеност на Општината, но и негова лична, за старите и изнемоштени лица.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска