Јакимовски: Да ги поттикнеме младите да почнуваат бизниси во Македонија

Од:

За Македонија е многу битна етничката стабилност. Ако неа ја нема, нема да има ниту политичка, ниту безбедносна стабилност, рече лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски на средба со граѓани во Гостивар.

Тој истакна дека разликите не се хендикеп, туку предност, и треба да се интегрира во културните, образовните и спортските достигнувања. Без оглед на етничката и верската припадност, рече Јакимовски, сиромаштијата им е заеднички непријател на сите.

– Затоа сакаме да се обединиме сите без оглед на припадноста и да се справиме со овој проблем. Бидејќи тој поеднакво ги тишти, и Ромите, и Бошњаците, Македонците, Турците и Албанците. Од таа причина политичките партии треба да понудат решенија за тоа како да се надминат проблемите кои настануваат од невработеноста, сиромаштијата, бесперспективноста која ги погодува младите луѓе и како да ги поттикнеме да преземат иницијатива да стануваат претприемачи и своите деловни способности и креации да ги исполнуваат тука, во Република Македонија, рече Јакимовски на средбите со гостиварци.

Би можело да ве интересира

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

A1on