Во ГРОМ се приклучија 14 советници од седум општини

Од:

Кон Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ досега пристапиле 14 советници од други политички партии и независни советници од вкупно седум општини во земјава.

Ова денеска го соопшти претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски според кого сите овие советници ќе се борат за интересите на граѓаните во советите во кои се членови, но под знамето на Граѓанската опција за Македонија, следејќи ја програмата на ГРОМ, но во исто време ќе бидат конструктивни во советите на своите општини и ќе го даваат својот придонес во полза на граѓаните што ги претставуваат.

– Тоа се госпоѓата Душица Сеизова-Јовановиќ, досега независен советник во Советот на Куманово, од каде ни се приклучува и д-р Драги Караџиски, исто така независен советник. Бобан Младеновски, досега член на Српската напредна странка, советник во Старо Нагоричане, отсега ѝ пристапува на ГРОМ, како и Љупчо Настоски, досегашен независен советник во Советот на Охрид. Од Советот на Росоман, ни пристапува Спасе Ристевски, досега член на СДУ, а од Пробиштип – советникот Горан Ефремов, кој беше член на НСДП.

– Од Кавадарци ни пристапуват двајца независни советници, Димтар Жарков и Златко Јованов, а од Советот на Кисела Вода ни се приклучува д-р Чедомир Саздовски, досегашен член на СДУ. Во ГРОМ се вклучуваат и петмина советници од Карпош, кои досега ја претставуваа Српската напредна странка, а тоа се д-р Зоран Поповски, д-р Добрила Андоновска, Дејан Димковски, Горан Михајлов и Роберт Живадиновиќ. Сакам на сите нив да им се заблагодарам за поддршката, но и на сите оние што ги поддржале на советничките листи, рече Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

А1он

Трајановски: Пензионерски домови достапни за сите и практично решение за паркирањето во Скопје

Трајановски: На местото на старата касарна во Бардовци ќе се изгради нов скопски Експо-центар

Трајановски: Централна пошта да стане Градски инспекторат и Центар за урбано планирање

Катерина Ѓуровски

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбил на Скопје

ГРОМ: Згрозени сме од одлуката на АВМУ Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Катерина Ѓуровски