Јахјага: Косово и Македонија со јасна евроатланска иднина

Од:

Косовската претседателка, Атифете Јахјага на денешната проштална средба со македонскиот амбасадор во Косово, Стојан Карајанов, високо ги оценила односите меѓу двете држави.

Како што стои во соопштението од нејзиниот кабинет, таа му се заблагодарила на македонскиот дипломат за неговата ангажираност и работа, нагласувајќи го значењето од продолжување на соработката меѓу институциите на Република Косово и Република Македонија на заедниот пат кон евроската интеграција.

– Соработката меѓу Република Косово и Република Македонија треба да се продлабочува во сите области, посебно во економијата, изјавила Јахјага.

Амбасадорот Карајанов дал висока оценка за неговата соработка со сите косовски инситуции. Тој се заблагодарил на Јахјага за нејзината заложба во претставувањето на Косово и додал дека двете земји имаат јасна евроатланска иднина.

Би можело да ве интересира

Три лица преку ноќ исчезнаа во Косово – полицијата детално истражува

Горан Наумовски

Формирањето на косовската влада повторно не успеа, Османи го распушти парламентот

Инцидент на српско-косовската граница: Маскирани Албанци пукале кон српски војници

Горан Наумовски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп идната година

Катерина Ѓуровски

Минималната плата во Косово во 2026 година – 500 евра

А1он

На Косово му се заканува институционална криза, најголема од прогласувањето на независноста