Јадранско-јонска иницијатива: Усвоена заедничка изјава за важноста на парламентарната соработка во регионот

Од:

На 16-та конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива што вчера и завчера се одржа во Будва, Црна Гора, претседателите усвоија заедничка изјава каде се истакнува важноста на продолжувањето на парламентарната соработка во регионот за реализација на проектите за поддршка на интеграцијата на земјите на Западен Балкан во ЕУ, а со чинот претседаваше претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ.

Во изјавата се истакнува дека секторот туризам станува се позначаен фактор на економскиот напредок на јадранско-јонскиот регион, при што се охрабруваат земјите учеснички на иницијативата да ја подобрат регионалната димензија на соработката и размената на најдобрите пракси во оваа област, а се поддржува и политичката поддршка на активностите кои се спроведуваат на државно, прекугранично и регионално ниво во оваа насока.

Во заедничката изјава се охрабрува промоцијата на заедничките туристички производи со цел позиционирање на Јадранско-јонскиот регион како една од водечките туристички дестинации во Европа во прилог на што се истакнува и важноста на унапредувањето на инфраструктурата што има суштинска улога во подобрувањето на пристапноста и поврзаноста на регионот, се наведува во соопштението од Собранието на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски