Јаболката од Калифорнија забранети и во Малезија и Тајланд

Од:

По минатонеделната забрана за увоз на јаболка од Калифорнија на Филипините, забрана за продажба и употреба на американските јаболка заразени со опасниот вирус листерија, денеска донесоа Малезија и Тајланд.

Во соопштенијата на двете министерства за здравство не се наведува колкави количини јаболка биле увезени во Тајланд и Малезија, но се шпекулира за над 1.000 тони јаболка кои ќе мора да се уништат.

Од државите во регионот на југоисточна Азија единствено во Сингапур не се увезени јаболка од Калифорнија за кои и американската администрација за храна и лекови има утврдено дека се заразени со два типа на вирусот листерија. Овој вирус кај луѓето може да предизвика тешка главоболка, грозница, големи болки во мускулите и смрт.

Би можело да ве интересира

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Минималната синдикална кошница за месец септември изнесува 65.077 денари

Израел: Во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост