Ја силувал и ја уценувал, и се јавувал на сопругата да му донесе кокаин за да не ја убие жртвата

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични дела – Полов напад и силување од член 186 и Уцена од член 259 од Кривичниот законик.

Осомничениот 29-годишник, на 2 декември, заедно со неговата сопруга и уште една пријателка, излегле во ресторан во Скопје. Таму пиел алкохол и консумирал дрога, па бидејќи по вербална расправија неговата сопруга заминала сама, тој се понудил да ја врати дома пријателката. Но, наместо кон нејзиниот дом, цела ноќ ја возел на различни локации во Скопје, обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи.

Жената не се согласувала, меѓутоа тој и се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар. Таму со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал.

Додека биле во апартманот, се јавувал со видео повик кај сопругата и кај други лица и барал од нив да му донесат кокаин за да не ја убие оштетената.

Три дена подоцна, осомничениот и го пратил видео клипот со експлицитна содржина на оштетената со закани дека ќе го објави секаде ако не му даде 2.500 евра. Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, осомничениот веднаш бил приведен.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Притворот се бара имајќи предвид дека постои реална опасност од бегство, а осомничениот има отпуст од македонско државјанство и постојан престој и работа во Германија. Исто така, постои ризик осомничениот да го повтори делото кое претставува нарушување на јавниот ред, но и на половата слобода и половиот морал. Судијата го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.

Би можело да ве интересира

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Го скршил стаклото на бугарската амбасада од омраза, Обвинителството бара притвор

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Кафеаната „Јужна пруга“ работела и покрај забраната, постапка против сопственикот

Катерина Ѓуровски

Ја силувал, ја тепал со столица, се заканувал дека ќе ја фрли од тераса

Предраг Петровиќ