Ја нападнал сопругата нанесувајќи и 20 убоди со нож во пределот на градниот кош

Од:

Вчера (21.02.2013), А.Д.(20) од Куманово пријави дека откако му кажала на нејзиниот сопруг М.Д.(27) дека повеќе неможе да живее со него и ке си замине кај нејзините родители, истиот физички ја нападнал удирајки ја со тупаници и клоци по главата и телото, по што и со нож и се заканил дека ќе ја убие ако го остави. Откако му ветила дека нема да го остави тој престанал со тепањето, по што излегол од дома, а оштетената го повикала нејзиниот татко и настанот е пријавен во СВР Куманово.

М.Д. веднаш е приведен во СВР Куманово заради расчистување на настанот, и по извршена консултација со ОЈО Куманово истиот е ослободен.

Денеска околу 09,00 часот М.Д. отишол во куќата на родителите на неговата сопруга во нас.Доброшане, Куманово и откако влегол внатре веднаш првин физички ја нападнал неговата сопруга а потоа и со нож, при што нејзината мајка се обидела да го спречи нападот но откако и на неа со ножот и нанел убоди на раката таа излегла од собата за да го повика нејзиниот сопруг, а М.Д. избегал од куќата.

Оштетената од страна на нејзините родители е пренесена во Медицински центар Куманово, од каде поради карактерот на повредите, односно околу 20 убоди во пределот на градниот кош е пренесена во Ургентен центар Скопје и се наоѓа во животна опасност.

М.Д. е познат сторител на кривични дела за што СВР Куманово му има поднесувано кривични пријави за “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, “прикажување на порнографски материјал на малолетник“ и “тешка кражба“.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип