Извршителка продавала имот на клиенти кој бил под закуп

Од:

Кривична пријава е поднесена за извршителка од Штип која ставила на продажба недвижен имот со вредност од околу 106 илјади евра, а вредноста на извршувањето иснесувало околу 40 илјади евра и притоа го игнорирала Договорот за закуп на еден дел од недвижниот имот заверен со нотарски акт.

Од МВР информираат дека СВР Куманово поднеле кривична пријава против В.К. (43) од Штип, извршител на подрачје на Основен суд Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавената во повеќе наврати ја злоупотребила својата службена положба, на тој начин што при спроведување на извршување, постапувајки по извршен предмет во две спротивни постапки за продажба на недвижен имот – деловни простории, две ниви и градежно изградено земјиште со вкупна вредност од 6.525.533 денари, иако вредноста на извршувањето изнесувала 2.456.000 денари, пријавената го ставила на продажба целиот имот. На овој начин го игнорирала Договорот за закуп на еден дел од недвижниот имот заверен со нотарски акт, кој должникот, како сопственик на целиот недвижен имот, го дал под закуп во период од шест години на правно лице од село Слупчане. При спроведување на извршувањето пријавената постапила спротивно на одредбите, односно не ги доставила списите од извршниот предмет до должникот, кој бил на привремена работа во странство, до плодоуживателот во постапката и до ополномоштениот адвокат. Во двете спроведени постапки на извршувањезЗаклучокот го објавила во дневен печат, а не во Службен весник, со цел должникот да не биде запознаен со постапката.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“