Извршители наплаќале долгови на починати пензионери од сметката на Фондот за пензиско, откри ревизијата

Од:

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ревизијата утврди дека поради различни грешки, идните пензионери не ќе може да остварат целосни пензии, а проблематично е и тоа што извршители неосновано повлекуваат пари од Фондот врз основа на извршување врз пензионери поради различни долгови.

„Фондот констатира дека одредени извршители, откако биле известени од стручната служба на Фондот, дека не се во состојба да го реализираат налогот за извршување од повеќе причини (починат корисник на пензија, корисник со најнизок износ на пензија, корисник за кој веќе се задржува 1/3 од пензијата по друг налог за извршување) пристапиле кон извршување директно од сметката на Фондот.

Од Фондот во 2021 година месечно се регистрирани од 2500 до 3000 трансакции од пензии на должници кон сметки на извршителите, а на годишно ниво оваа бројка достигнува околу 30.000 трансакции. Притоа бројката на вработени лица во Фондот кои се ангажирани на ова прашање во зависност од обемот на работа достигнува и 8-9 лица, а за вршењето на оваа услуга Фондот не добива никаков надоместок од страна на извршителите“, констатира ревизијата.

Ревизијата открила одредени сум на пари што му се уплатени на ПИОМ, но поради нецелосни податоци и грешки при внесувањето податоци од страна на други институции, овие пари ПИОМ сега не мое да ги користи, односно поради нечии грешки идните пензионери нема да може да добијат целосни пензии.

Ревизорот констатирал дека поради ненавремена достава на податоци од надлежните институции за промена на статусот на осигурениците, има неоснована исплата на пензии, а низок е процентот на поврат на пари од вакви постапки во минатото.

„Отсуствува целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесот поради недостиг на вработени, а воспоставените внатрешни контроли не секогаш го покриваат ризикот од комплетност на документацијата во електронското пензиско досие, точност и навременост во постапката. Поради наведеното постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право;

Зголемените приходи во Фондот за пензинско и инвалидско осигурување (ПИОМ) не се доволни да се покрие дефицитот за исплата на корисниците и покрај тоа што 37,5% од приходите во ПИОМ доаѓаат од државниот Буџет, покажа ревизијата на финансиските извештаи на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување за 2021 година.

Со ревизијата е опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година и констатирано е дека од вкупно осумнаесет препораки една препорака е спроведена, спроведувањето на три препораки е во тек, три препораки имаат статус на делумно спроведени и единаесет препораки не се спроведени.

Би можело да ве интересира

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Кривична пријава против три лица од Тетово, меѓу нив и директор на ПИОМ

Горан Наумовски

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

СДСМ: Нова програма за европска иднина: Просечна пензија од 500 евра

Горан Наумовски

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

A1on