СВР Скопје со кривична пријава до ОЈО Скопје за натамошна постапка, го предаде лицето Д.Н. викан “Стап“ (32) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека на крајот на минатиот и почетокот на овој месец сторил две кривични дела “тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 124.000 денари. Од страна на Истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Првата тешка кражба Д.Н. ја извршил во времето меѓу 14,00 до 10,30 часот на 30.11 спроти 01.12 во менувачницата ЕНЕС лоцирана на ул. Кавтанџиска во Старата Чаршија, инаку сопственост на А.К. од Скопје, каде Д.Н. откако дошол на горенаведеното место, најпрвин насилно – со употреба на метална хебла која ја носел со себе делувал меѓу крилото и касата на влезната врата во висина на бравата – ја отворил вратата, потоа влегол внатре и после пребарувањето по фиоките пронашол и украл два клуча од сеф, една метална лупа, една бројаница, батерија за мобилен телефон, мобилен телефон “Нокиа“, еден привезок, штрафцигер, полнач за телефон, 44 неважечки стари банкноти од разни држави, една неонска сијалица и една запалка жолта боја во севкупна вредност од 4.000 денари. По извршување на тешката кражба го напуштил местото.
На 01.12. околу 00,50 часот, пријавениот отишол на ул. “Подграѓе“ во Старата Чаршија, поточно во златарскиот дуќан “РОМА ДАЈМОНД“ сопственост на Б.Љ. од Скопје, каде што на идентичен начин влегол во дуќанот и украл разновиден сребрен накит, ланчиња, прстени и друго, бижутерија, лупа, машки часовник, една торба, лап-топ марка ХП 630 со полнач, 5.910 денари во разни апоени со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120.000 денари. Меѓутоа во тој момент бил забележан од сопственикот кој поминувал во обиколка на дуќанот по што Д.Н. се дал во бегство и на околу 50 метри оддалеченост од дуќанот бил спречен и совладан од страна на полициските службеници и приведен во ПС Кисела Вода. При извршен претрес кај него се пронајдени украдените предмети кои потоа со потврда се вратени на оштетениот.
Д.Н. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што досега повеќе пати е кривично пријавуван и му се изрекувани затворски казни.