Извршено жребување за новопријавените кандидати за градоначалници и советници

Од:

ДИК на денешната јавна седница го изврши дополнително жребување за утврдување на редоследот на гласачкото ливче за Локалните избори 2013 година на кандидатите на политичките партии кои поднеле листи за членови на совети и на кандидати за градоначалници во дополнителниот рок до 8 март на полноќ.

Во дополнителниот рок се пријавиле СДСМ со нивните коалициски партии, Либерална партија, Движење за национално единство на Турците и Републиканска алијанса.

Претходно, на седницата не беше прифатен предлогот на претседателот на ДИК Борис Кондарко на дневен ред да се стави разрешување на претседателот на ОИК на Шуто Оризари кој не ја прифатил советничката листа на СДСМ поради тоа што еден кандидат немал уверение за неосудуваност, а чија одлука ја потврдил и Управниот суд.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември