А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Извршени контроли во нови 13 угостителски објекти во Скопје

by А1он04/01/2015 - 13:49151
Share0

Во текот на вчерашниот ден СВР Скопје, заедно со Управата за јавни приходи Државниот пазарен инспекторат изврши контроли во вкупно 13 угостителски објекти, од кои во шест не се детектирани неправилности.

Добивај вести на вибер

Како што денеска соопшти МВР, не се регистрирани неправилности во „МЕГАТОН ПРОДУКЦИЈА“ ДООЕЛ Скопје-подружница Дискотека ХО лоцирана на ул. „11-ти Октомври“, „АЛО АЛО ТП Бифе“ – лоцирано на ул. „Кеј 13 Ноември“, „НОВА ЏУБОКС ДООЕЛ“ Скопје – лоциран на ул. „Орце Николов“, „ДПТУ ЧИКАГО СИТИ ДОО“ Скопје лоцирано на ул. „Св. Кирил и Методиј“, „ДПТУ МАКЕДОНСКА СОФРА ДООЕЛ“ Скопје лоцирана на ул. „11 Октомври“ и „ДУТУ КАЛА КАФЕ ПЛУС ДОО“ подружница „КАЛА“ Мала Станица Скопје (Станица 26). Неправилности не се констатирани и во ДПТУ ДЕРЕРО КОМ подружница Кабаре ОКЕАНИК Скопје лоциран на бул. „Партизански Одреди“, но при извршено легитимирање на 10 лица од страна на полицијата, кај четири лица заради констатиран прекршок од Законот за лична карта, се издадени 4 платни налози за глоба во износ од по 30 евра. При контролата на “ТАО ДООЕЛ“ Скопје лоцирано на бул.“К.Ј.Питу“’ – Нова Железничка Скопје, при вршење на истата констатирано е дека објектот е претходно затворен од страна на Управата за јавни приходи.

Во „ДООЕЛ ДЕКСИОН“ Скопје – подружница „ПРИОРИТИ“ на ул. „Народен Фронт“, при извршената контрола се утврдени неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат согласно Законот за трговија за непоседување лиценца за работа, поради што е изречена глоба во износ од 2.500 евра и е донесено Решение за забрана за вршење дејност во рок од 30 дена. Од Управата за јавни приходи се утврдени неправилности по однос на неевидентирање на дневниот промет на фискалниот апарат на правното лице, поради што од страна на Управата е изречена глоба во вкупен износ од 3.250 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице. Воедно и од Управата е донесено Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 15 дена.

Во „ЛАНЧИАНО КАПРИ ДООЕЛ“ Скопје – подружница Кафе бар СТУДИО 54 лоцирано на ул. „Македонија“, при вршење на контролата од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатиран прекршок од Законот за заштита од пушење изречен е налог за глоба во износ од 1.250 евра за правното лице, а од страна на УЈП поради неевидентиран дневен промет на фискалниот апарат, изречена е глоба во износ од вкупно 3.250 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице, а донесено беше и Решение од УЈП за забрана на вршење на дејнсот во рок од 15 дена. Од страна на УПС од СВР Скопје на три лица им е издаден платен налог во износ од 50 евра заради извршен прекршок од Законот за заштита од пушење.

Во „ГСМ ФАЗАН ДООЕЛ“ Скопје – подружница „ТРИ ФАЗАНА“ лоцирана во нас. Илинден, од извршена контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат му е издаден налог за поравнување во просториите на Пазарна инспекција, а од страна на УЈП поради неевидентиран дневен промет на фискалниот апарат изречена е глоба во износ од 3.250 евра вкупно, од кои 2.500 евра за правното лице 750 евра за одговорното лице во правното лице и воедно е донесено Решение за забрана за вршење на дејност во рок од 15 дена на правното лице во објектот.

Во „КИВОСТА КИ ДООЕЛ“ Скопје – подружница Ноќен клуб ПИНГВИН ПАБ лоциран на ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“, при извршената контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат е издаден налог за поравнување во просториите на Пазарна инспекција а од страна на УЈП поради неевидентиран дневен промет на фискалниот апарат е изречена глоба во вкупен износ од 3.500 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице како и Решение за забрана за вршење дејност во објектот во времетраење од 15 дена.

ujp

Би можело да ве интересира

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

Катерина Ѓуровски01/01/2026 - 09:22

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:37

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 10:4727/12/2025 - 11:12

Околу 10 000 граѓани треба да го пријават доходот остварен во странство

Катерина Ѓуровски26/12/2025 - 12:0726/12/2025 - 13:09

Казни за матичните гинеколози кои наплаќале ЕХО, ПАП и други услуги што ги покрива Фондот

Катерина Ѓуровски26/12/2025 - 11:58

Масовно неиздавање фискални сметки, плати во „плик“, скриен промет – УЈП контрола кај угостители и трговци

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:4107/12/2025 - 17:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен