Извршена дезинфекција на православните храмови во Дебар

Од:

Во рамки на мерките на Оперативниот штаб за дезинфекција на објекти, денеска оваа активност е реализирана во православните храмови во Дебар и околината.

-Според дефинираниот план извршена е дезинфекција на двете цркви во Дебар „ Успение на Пресвета Богородица“,која се наоѓа во горниот дел на градот и „Света Петка“ во близина на центарот на градот,каде што е и седиштето на дебарската Парохија. Исто така дезинфкеција е извршена и во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во селото Рајчица, изјави Малиќ Диша,член на Оперативниот штаб.

Како што потврдува сестра Ефимија дезинфициран е целиот простор во и надвор од манастирските ѕидови.

-Изразуваме огромна благодарност кон членовите на Оперативниот штаб на Дебар за покажаната грижа кон манастирскиот комплекс. Бог да ги благослови за ова дело и да им испрати сила не само ним, туку и на медицинските лица, воопшто на сите оние кои макотрпно работат во зачувувањето на здравјето на народот, но и будно ги спроведуваат мерките за превенција од понатамошно ширење и заштита од КОВИД – 19,изјави за МИА,сестра Ефимија.

Нашите Свештени обители,додава таа, духовно раководени од игуменот Партениј, продолжуваат молитвено да ги поткрепуваат сите граѓани на нашата земја, сиот свет во борбата против опасниот вирус.

По прогласуваето на кризна сосотојба во општинте Дебар и Центар Жупа манастирот во Рајчица е целосно затворен за посети, додека, пак, во Бигорски,кој територијално припаѓа во Општина Маврово и Ростуше посетите се редуцирани.

Инаку,, вчера извршена е дезинфекција на седумте џамии, вклучувајќи ја и Саат кула џамијата, како и просториите на муфтиството.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски