А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Извршен увид на железничкиот премин во Прилеп каде воз удри во автомобил

by А1он18/10/2019 - 11:09391
Share0

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп и увидна екипа од Министерството за внатрешни работи утринава изврши увид на железнички премин во Прилеп, во близина на меѓуградската автобуска станица, каде се случи железничка несреќа во која беа повредени четири лица.

Добивај вести на вибер

– Утринава во 5:20 часот, на железнички премин во Прилеп, во близина на меѓуградската автобуска станица, воз удри во патничко моторно возило Ауди во кое се превезувале пет лица. Патниците од автомобилот биле колеги кои утрината заедно патувале до своите работни места. При обид да ја преминат пругата, во нив удрил возот, при што две лица се телесно повредени, а две се здобиле со тешки телесни повреди, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител издал наредби за фотографирање и скицирање на местото на настанот и за вршење на вонреден технички преглед на локомотивата од страна на машински инженер.

Од Обвинителството велат дека ќе се вештачи и рампата од железничкиот премин, во насока на утврдување на исправноста на нејзиното функционирање.

– По извршено тестирање, не е утврдено присуство на алкохол кај возачите на локомотивата и возилото. Дејствијата на јавното обвинителство ќе продолжат со цел да се расчисти причината која довела до железничката несреќа, се наведува во соопштението од Обвинителството.

soobrakajka

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 14:5122/02/2026 - 15:56

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски16/02/2026 - 11:1516/02/2026 - 14:58

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он14/02/2026 - 08:3614/02/2026 - 08:46

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:3807/02/2026 - 12:39

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

Горан Наумовски04/02/2026 - 16:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен