Извршен увид на местото на тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со екипа на крим-техника од МВР ОВР Прилеп, извршија увид на патот Прилеп – Битола, каде вчера во попладневните часови се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а едно беше потешко повредено.

Според првичните сознанија, во несреќата учествувале три возила – Фиат Дукато со прилепски регистарски ознаки, Ауди А8 со бугарски регистарски ознаки и Фиат Добло со прилепски регистарски ознаки.

– Во незгодата животот го загуби сопатничка во возилото Фиат Добло, на возраст од 36 години. Сопатникот во возилото Ауди А8, на возраст од 19 години, најпрвин бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега во болницата во Битола, а потоа поради сериозноста на повредите е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје, соопштија од ОЈО.

Веднаш по извршениот увид, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување траги и предмети кои можат да послужат како доказ за утврдување на причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатата.​

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица