Извршен увид на местото на детонациите во Тетово и Куманово

Од:

МВР денеска соопшти дека во периодот од 20,00 до 20,30 часот во СВР Тетово и СВР Куманово е пријавено дека се слушнале детонации во близина на полициските станици.

Од страна на полициски службеници е излезено на лице место при што е извршен увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Од лице место се подигнати траги кои се испратени на вештачење.

– Од извршениот увид е констатирано дека детонациите биле надвор од полициските станици при што не е предизвикана материјална штета. Се работи на целосно расчистување на случајот, се појаснува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка