Извршен грабеж од автомобил на носител на советничка листа во Ново Село

Од:

Од автомобил, сопственост на Иле Илиев, носител на советничката листа на СДСМ за струмичко Ново Село, синоќа е извршен грабеж и се одземени пари и документи.

Според Илиев, сторителите го искршиле стаклото од вратата на предната десна врата, најверојатно со камен и од автомобилот одзеле пари и документи.

-Да се случеше тоа во период кога не е кампања за локални избори, тогаш можеби немаше да се посомневам дека се работи за дело со политичка позадина. Не сакам никого да обвинувам, но постојат сомнежи кај мене. Веднаш по извршениот грабеж го пријавив настанот во полицијата, рече Илиев.

Од СВР Струмица потврдуваат дека е извршен грабеж од автомобил сопственост на Илиев и оти од него се украдени пари и документи. Велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница